Балканленд

Крај на една ера: По две децении Џоле и Весна Џогани се разделуваат

По цели 20 години заеднички живот, еден од најпознатите естрадни парови на регионалната сцена – Џоле Џогани и Весна Џогани – наводно ставаат точка на својот брак. Како што пренесуваат домашните медиуми, Џоле веќе се иселил од семејниот стан во кој живееше со Весна и нивните деца. Според истите извори, тој изнел дел од личните работи и привремено се преселил на друга адреса, додека Весна и децата останале во заедничкиот дом.

Информациите што ги објави магазинот Свет велат дека разделбата поминала мирно, без јавни конфликти и без „големи драми“ – нешто што ретко се гледа кога станува збор за јавни личности од ваков калибар.

Џоле и Весна со години важеа за стабилен пар на сцената, а нивната врска често беше истакнувана како пример за долгогодишна љубов и партнерство и приватно и професионално. Токму затоа, веста за нивната разделба изненади многумина. Засега, двајцата не се огласија официјално по повод овие наводи, па останува да се види дали ќе следи потврда или демант. До тогаш, јавноста може само да констатира дека уште една долга естрадна приказна, барем според медиумите, доаѓа до својот крај.

Текстот го подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: