Хрватската поп-дива Нина Бадриќ повторно ја покажа својата автентичност – овојпат не само преку музиката, туку и преку искрената животна приказна која стои зад нејзината нова песна. На промоцијата во Белград, Нина најави и концерт во легендарниот Сава Центар, но вниманието го украде нешто многу подлабоко – приказната за песната „Го чувам нејзиниот дом“.
Во разговор со Весна Дедиќ, таа без задршка проговори за искуство што, како што вели, ѝ се случува на „секоја жена“.
„Тоа е песна за достоинство. За љубов која не мора да се оствари. За моментот кога срцето сака, но совеста знае дека треба да се повлечеш“, искрено сподели пејачката.
Иако темата на прв поглед звучи како класична љубовна драма, Нина ја врти перспективата – наместо борба за љубов, таа пее за изборот да НЕ ја земеш. Да зачуваш нешто што не е твое.
„Можеби е необично, но ова е приказна за жена која заминува. Не затоа што не сака – туку затоа што почитува“, вели таа.
Песната „Го чувам нејзиниот дом“ станува тивка химна за женската солидарност – ретко обработена тема на Балканот, каде љубовните триаголници најчесто завршуваат со драма, а не со достоинство. Со ова издание, Нина Бадриќ уште еднаш покажува дека најсилните песни не се само оние што се пеат – туку оние што се преживуваат.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
