Балканленд

Светлана Цеца Ражнатовиќ открива: „Београд“ – хитот што го поврза Сараево и Белград во најтешките времиња

Една од најголемите тајни на балканската естрада конечно доби своја вистина. Во најново интервју, фолк пејачката од Србија Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека легендарниот кантавтор Дино Мерлин е автор на три нејзини песни – „Заборави“, „Жарила сам жар“ и безвременскиот евергрин „Београд“.

Нивната соработка започнала уште во Швајцарија пред да ескалираат војните во поранешна Југославија. Според зборовите на Цеца, песната „Београд“ првично била замислена како дует и напишана за самиот Мерлин.

„Машкиот дел требаше да оди: знам јој боју хаљине ја је купио…“, вели пејачката.

Со почетокот на опсадата на Сараево, за Дино Мерлин станало незамисливо да сними песна посветена на главниот град на Србија. Затоа, ѝ ја подарил на Цеца.

„Ми рече: Цеки, јас не можам да ја снимам оваа песна. Но, ја обожавам емоцијата во твојот глас и ти ја подарувам“, раскажува таа.

Песната била снимена во 1995 година, но поради чувствителната политичка ситуација, авторството на Мерлин не било наведено на омотот од албумот.

„Не смеевме да го потпишеме, тоа ќе му создадеше големи проблеми. Но јас никогаш не сум го криела, а и тој подоцна зборуваше за тоа“, додава Цеца.

Иако денес двајцата не одржуваат контакт, пејачката признава дека го почитува како уметник и е благодарна за песните што ги добила од него. „Београд“ останува да живее како култен хит, но и како симбол на тоа дека музиката може да ги надмине и најголемите поделби.

Можеби ќе ве интересира: