Балканленд

Underworld доаѓаат во Софија – електронските легенди на Sofia Live Festival 2026

Легендарното британско електронско дуо Underworld ќе настапи на Sofia Live Festival 2026, кој ќе се одржи на 28 јуни во Vidas Art Arena во Софија, носејќи со себе енергија што повеќе од три децении ја обликува современата електронска музика.

Дуото, составено од Karl Hyde и Rick Smith, се смета за едно од највлијателните имиња на светската електронска сцена. Нивниот уникатен звук – комбинација од техно, хаус и експериментална електроника – со години ги воодушевува и критиката и публиката, а нивните настапи во живо важат за едни од најмоќните електронски перформанси. Публиката во Софија ќе има можност да слушне сет составен од култни песни, но и понов материјал. Меѓу нив неизбежно се наоѓа и „Born Slippy (Nuxx)”, песната што стана симбол на електронската сцена од 90-тите и култен саундтрак момент за генерации фанови.

Со својата долгогодишна кариера, Underworld продолжуваат да останат релевантни и иновативни, постојано поместувајќи ги границите на електронската музика и фестивалските настапи.

Настапот во Софија е дел од нивната концертна агенда за 2026 година, а билетите за Sofia Live Festival веќе се пуштени во продажба, најавувајќи уште едно незаборавно летно музичко доживување за љубителите на електронската сцена во регионот.

Текстот го подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: