Со денешната прес-конференција на актерската, техничката и останата екипа Народниот театар „Војан Чернодрински“-Прилеп ја најави премиерата на новата театарска претствава „Саатот“, која е по текст на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска и режија на Кристина Димитрова.
Директорката на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, Марија Попова-Јованоска вели дека годинава со помош и финансика поддршка од Министерството за култура и туризам НУЦК„Марко Цепенков“ од областа на драмската дејност ќе реализира вкупно 5 нови театарски претсави, а токму театарската претстава „Саатот“ е првата од нив.
„Оваа година со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам ќе реализираме вкупно 5 проекти од област драмска дејност. Тоа се 5 нови претстави, а тоа се претставите „Животинска фарма“, „Девојките на Марко“, „Лет над кукавичното гнездо“, „Ловец“ и „Саатот“. Театарската претстава „Саатот“ е всушност првата од нив. Претствата се подготвуваше на сцената 105 простор кој што овозможува пофокусиран сценски пристап“-рече Марија Попова-Јованоска, директорка на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.
Раководителот на прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“, Михајло Миленкоски вели дека македонските автори треба да се ставаат што повеќе на театарските сцени низ Македонија.
„Искрено незнам дали таа среќа можам да ја пренесам преку медиумите до публиката. Среќа преку која денес треба да го најавам тимот на првата претстава од овогодишната програма за работа на нашиот театар. Посебна гордост ми е да го најавам текстот на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска. Македонските автори треба да гледаме колку што е можно повеќе да ги ставаме на нашите репертоари, бидејќи тоа се нашите богатства, идентитет и култура.“-изјави Михајло Миленкоски, раководителот на прилепскиот Нроден театар „Војдан Чернодрински“.
Режисерката на новата театарска претстава „Саатот“ Кристина Димитрова вели дека било многу интересно да се работи на темата време односно на тоа како актерите го доживуваат времето и како реагираат на истото.
„Беше многу интересно да се работи на тема време. Како актерите го доживуваат времето и како реагираат на него? Се занимававме и со темите рутина, љубов и близина, и осаменоста што создаде посебна атмосфера во претставата.“-кажа Кристина Димитрова, режисерката на театарската претстава „Саатот“.
Авторката на текстот Лидија Митоска-Ѓорѓиевска вели дека во текот на пробите дознала дека има два типа актери и дека без засегната актерска екипа во претствата, текстот немало да го доживее неговиот вистински потенцијал.
„Посебна чест ми е што мојот прв текст за прв пат е поставен во мојот матичен театар. Знаете колку е тешко да се биде пророк во своето село? Сакам да кажам дека има два типа на автори. Едните се оние кои веруваат во своето дело, во она што го напишале и се борат до крај за него, а другите се оние кои се сомневаат во она што го напишале, го преиспитуваат секој збор и се борат не со делото-туку за делото или против делото. Оваа театарска екипа го облагодари она што јас сум го направила. Без оваа екипа текстот немаше да го доживее својот вистински потенцијал.“-изјави Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, авторот на текстот за претставата „Саатот“.
Актерката Наташа Ачански, која во претставата го игра ликот на Вера вели дека претствата е прекрасна и дека секоја претстава буди различна емоција во која секој се препознава.
„Претставите „Чита куќа“, „Црнила“ и „Саатот“ се’ многу блиски, човечни, кај нив има многу испреплетени емоции. Секоја претстава од овие што ги набројав буди различна емоција и секој се препознава. Ние кога работевме се препознавме по нешто од себе си и баш ни е драго, а ова не беше планирано вака да излегуваат претставите по ред. Имаме прекрасна претстава.“-вели актерката Наташа Ачански.
Актерот Димитар Ѓорѓиевски кој го игра ликот на Јован и кој всушност е и сопруг на авторот на текстот вели дека преставата е навистина супер и рефлектира тоа што ни се случува како внатрешен живот и како општество.
„Мене ми е многу мерак и ќеиф што се поставува домашен автор-прилепски што секако е за почит, особено кога текстот е навистина феноменален. Преставата навистина е супер и рефлектира тоа што ни се случува како внатрешен живот и како општество. Мислам дека секој се пронајдува овде.’’-кажа акерот Димиатр Ѓорѓески.
Филип Јездиќ кој ја свири музиката за претставата и ја игра улогата на саатот за медиумите вели дека процесот за создавање бил многу едноставен, а негов поголем предизвик бил како ќе се вклопи со актерската екипа, бидејќи улогата на Саатот била негова прва театарска улога.
„Во поглед на музиката тој процес беше навистина едноставен. Јас и Томе немавме некои големи разговори за тоа што би правеле. Како што се одвиваа пробите идеите сами си се отплеткуваа. Мојот поголем предизвик беше како ќе се вклучам со актерите на сцена, бидејќи ова е и моја прва актерска улога и тоа ми создаде поголем притисок, а во поглед на музиката процесот си течеше многу глатко.“-изјави актерот и музичар Филип Јездиќ.
Театарскиот музичар Томе Темелкоски, за музиката и звучните ефекти на претставата рече дека се во живо.
„Сите звучни ефекти се правени во живо. Дел од музиката ја прави Филип Јездиќ, а дел ја преземам јас. Сите ефекти дали снимени или изведени на сцена се во живо, а и музиката исто така е во живо без разлика дали во тој момет свирам јас или Јездиќ. Имаме убава претстава , а мене процесот на подготовка ми беше навистина забавен.’’-кажа Томе Темелкоски, театарски музичар.
Премиерата за претставата е закажана за утре 2 април 2026 година (четврток) од 20 часот на сцената 105 од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.
Инаку, авторот Лидија Митоска-Ѓорѓевска текстот за претствата „Саатот“ го напишала во 2020 година и го понудила на повеќе театарски куќи, но прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“ бил првиот кој што го прифатил и поставил на својот театарски репертоар.
Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
