Магазин

Иван од Либеро: Втор пат го оперирав грлото – се плашам дали ќе продолжам да пеам (Видео)

Последната епизода на „Нешто конкретно” донесе интересна тема, но и неочекувани исповеди од гостите. Темата беше непопуларна – дискриминација на мажите, а Снеже Велков на гостите им поставуваше тези со цел да се разоткрие вистината. Така, сите ја освестија појавата дека најчесто мажите плаќаат влез на врата, додека девојките или се пуштаат без да платат или за нив плаќаат момците. На тоа Маја Глигоровска заклучи:

„Па нормално е да не плати – веќе инвестирала во себе со тоа што се појавила и тоа е во ред”. На тоа се надоврза Иван Јованов од Либеро бенд:

„А вие знаете дека од тие влезници некој заработува за да однесе дома леб? Така се одржуваат клубовите и не е во ред некој да плаќа, а некој не”. Тој додаде дека денес девојките се научени мажот да плаќа, а ако нема – не е „потенцијал”. Поранешната манекенка Викторија Јаначковиќ беше сосема директна:

„Не може, бре сестро, да бараш маж што има сè, а ти да не нудиш ништо!”.

Темата продолжи во насока кого повеќе го казнуваат полицајците – мажите или жените, па Јаначковиќ ја раскажа својата ситуација кога била во поодмината бременост и била запрена од полицаец кој се однесувал дрско со неа:

„Ме гледа дека сум трудна, почна да ми објаснува што треба, што не треба, морав и да излезам од кола… имав чувство дека намерно ме малтретира”.

Разговорот продолжи со хипотетичка ситуација – што ако останат без работа. Во тој контекст, Иван од Либеро бенд откри дека пред неколку месеци повторно бил на операција на грлото. Првиот пат било поради бениген тумор, а вториот, како што вели, поминал полесно.

„Но многу е мачно кога не зборуваш, кога не си го слушаш гласот – не знаеш дали ќе пропееш повторно”. Тој нагласи дека неговата сопруга му била најголема поддршка:

„Издржав поради неа. Знам дека што и да ми се случи, таа ќе најде решение – па и да не можам да пејам повеќе”.

Докторот Злате Мехмедовиќ, пак, ставен во ситуација да избира меѓу некомпетентност и почитување на родова застапеност, беше јасен:

„Не трпам некомпетентност – што сака нека биде!”.

Целата епизода погледнете ја во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: