Магазин

Како да се води и успева под притисок – Светската експертка за ментална издржливост Alexandra Panayotou доаѓа во Скопје

М6 Едукативниот Центар организира ексклузивен настан со светски признатата експертка за ментална издржливост и лидерство Alexandra Panayotou, кој ќе се одржи на 12 март 2026 година во малата сала на Македонската филхармонија во Скопје.

Настанот ќе биде посветен на темата „Endurance Mindset® – Лидерство што трае под притисок“, концепт кој во последните години привлекува огромно внимание кај лидери, претприемачи и професионалци ширум светот.

Alexandra Panayotou е TEDx говорник, стратегиски советник на врвни компании и креатор на концептот Endurance Mindset® – пристап кој ги поврзува најновите научни сознанија од психологијата со практични стратегии за управување со притисок, неизвесност и комплексност во современото лидерство.

Нејзината работа се фокусира на тоа како поединци и организации можат да развијат ментална издржливост, фокус и стабилност, дури и во најпредизвикувачки околности. Преку реални примери, научни истражувања и практични алатки, Panayotou им помага на лидерите да останат ефективни, смирени и одлучни во ситуации кога притисокот е најголем.

Настанот во Скопје ќе им понуди на учесниците можност да слушнат иновативни стратегии за лидерство, управување со стрес и донесување одлуки во комплексни ситуации, но и да научат како да ја развијат сопствената ментална издржливост во динамичниот професионален свет.

Овој настан претставува ретка можност македонската публика да слушне светски експерт во областа на лидерството и психологијата на перформанс, во инспиративна атмосфера во просториите на Македонската филхармонија.

Можеби ќе ве интересира: