Со промотивниот настап на сега веќе возобновениот прилепски дувачки оркестар, денес напладне на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп се одржа детското дефиле, односно, детскиот карневал Прочка 2026 во Прилеп.

Детскиот карневал во Прилеп по една деценија се одржа и исто така се возобнови во Прилеп. На истиот се претставија ученици од сите основни училишта од Прилеп и неговата околина. Маските беа навистина убави, а прилепчани сите дечиња ги наградуваа со навистина големо ракоплескање.

Во продолжение, погледнете ја фотогалеријата од денешниот детски прилепски карневал Прочка.



Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
