Магазин

Тhe Doctors со прекрасен музички настап во клубот „Калинка“ во Прилеп

Прилепската музичка група The Doctors направија прекрасна три часовна музичка забава во Прилеп. Забавата беше синоќа во клубот „Калника“ во Прилеп, а Тhe Doctors која е во состав на Марко Стојаноски (гитара), Ѓорѓи Петкоски (бас гитара), Филип Сотиров (гитара), Вилијам Спиркоски (тапани) и Сергеј Попоски (вокал) направија навистина извонредна и незаборавна музичка вечер во срцето на Прилеп.

Вилијам Спиркоски, вели дека пред настапот се чуваствуваат еуфорично, но сето тоа им давало мотивација за да отсвиреле така како што треба, а според Спиркоски во Прилеп нема доволен број на локали каде можеле да се истакнат прилепските бендови за алтернативна сцена.

„Супер се чувствуваме, секако еуфорично пред секој настап. Сето тоа ни дава мотивација за да отсвириме така како што треба. Во Прилеп нема доволен број на локали каде можеме да се истакнеме ние прилепските бендови за алтернативна сцена. За вечерашниов настап не побара сопственикот на „Калинка“, многу време се договаравме и еве вечерва одвоивме време и простор за да настапиме и да направиме една забава“-вели Спироски.

Сергеј Попоски, за синоќешниот настап вели дека за нив како музичка група е прво такво доживување, а Попоски исто така очекува и ја добија интеракцијата  со публиката.

„Дефинитивно има тензија, бидејќи за нас ова е прво вакво доживување и речиси цел клуб се потполни со резервации за вечерва. Очекуваме добра интеракција со публиката, а ние да си дадеме се’ од себеси. Подолго време соработуваме и мислам дека секој пат што настапувавме и работевме на себеси станавме попрофесионални, и мислам дека на сопствениците на „Калинка“ тоа им се допадна и ја имаа таа баш убава соработка“-вели Попоски.

Дво часовниот настап беше вистинско доживување и уживање за секој посетител и гостин на клубот „Калинка“ во старата прилепска чаршија, а се свиреа и пееја песни од групите „Манескин“, „Нокаут“.

Инаку, The Doctors во месец мај годинава освоија прво место со 98 од 100 поени на државниот музички натпревар кој беше организран од страна на Здружението на музички педагози на Република Македонија кои се одржа во Кичево.

 

Христијан Ангелески известува од Прилеп за Музика 24

Можеби ќе ве интересира: