Утре (среда 04.3.2026 година) од 11:00 часот претпладне до 14:00 часот попладне ученици и професори од здравствената струка и профилот фармацевтски техничар при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп пред Камената бина во центарот на Прилеп на случајните минувачи и посетители ќе им мерат ниво на шеќер во крвта и витаминско-миерален статус.
Покрај тоа минувачите и посетителите на настснот ќе имаат можност да разгледаат и да купат некој од нивните фармацевтски производи кои се произведени во училишната лабораторија која има најсовремен прибор за практична работа и подготовка на навистина убави и квалитетни фармацевтски и козметички производи.
Покрај мерењето на нивото на глукоза во среум, витаминско-минералниот статус и разгледувањето на фармацевтските производи посетителите ќе можат да уживаат и во музички дел за кој ќе се погрижат од добропознатиот и признат прилепски рок-бенд The Doctors.
Инаку, настанот годинава се одрганизира по втор пат и е по повод меѓународниот ден на жената 8 март.
Посетете го настанот и направете нешто навистина добро за едно од најскапоцените работи во човековиот живот-здравјето.
