Музика на кирилица

Лени Партикова со силна порака: „Горда сум Македонка“ – во Новата година со нов албум и концерт во Тетово (Фото)

Македонската фолк пејачка Лени Партикова повторно е во фокусот на јавноста со големи и значајни новости. Таа интензивно работи на нов музички проект кој го носи насловот „Горда сум Македонка“, наслов што симболично ја одразува нејзината љубов кон македонската песна, корените и националниот идентитет. Како најава за албумот, Партикова го подготвува и објавувањето на песната „Калеш старосватица“, која ветува автентична фолк емоција, моќен вокал и звук длабоко вкоренет во македонската традиција. Песната, според најавите, ќе биде спој на старото и новото – традиционален дух во современ аранжман.

Албумот „Горда сум Македонка“ ќе содржи вкупно 15 песни, создадени со многу љубов, искреност и посветеност. Секоја композиција носи приказна блиска до народот, со цел да се зачува и негува македонската фолк музика, но и да се доближи до помладата публика.

Круна на овој значаен музички проект ќе биде и концертот со ист наслов, кој ќе се одржи на 17 јануари 2026 година, со почеток во 19 часот, во Културниот дом „Иљо Антески – Смок“ во Тетово. Публиката ќе има можност во живо да ужива во новите песни, но и во добро познатите хитови од досегашната кариера на пејачката. И овој концерт, како и минатиот, ќе го реализира и снима единствената музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија.

Со овој проект, Лени Партикова уште еднаш потврдува дека останува доследна на македонската фолк сцена и на музиката која зборува искрено, директно и од срце.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: