Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова повторно знае како да го привлече вниманието на публиката. Нејзината нова песна „Mama Queen“ веќе предизвикува голем интерес, а според првите реакции – многумина се согласуваат дека станува збор за потенцијален летен хит.

Како што дознава музичкиот портал Музика24, видеоспотот за песната е снимен на егзотичните плажи на Малдиви, каде што пејачката неодамна престојуваше со своето семејство. Сонцето, тиркизното море и луксузните пејзажи создаваат визуелна приказна која совршено се вклопува со енергијата на песната.

Комплетен автор на „Mama Queen“ е Љупчо Антовски – Бубе, кој освен за музиката и текстот се погрижи и за мастерингот и се она што беше потребно песната да звучки онака убаво и светски.. За реализацијата на видеоспотот се погрижи Safras Mohamed, додека зад камерата беше Dhaain Mohamed. Финалниот изглед на видеото доаѓа од постпродукцијата на Љупчо Антовски – Бубе и Nikolay Skerlev, име кое веќе има соработувано со бројни познати музички артисти од Бугарија и регионот.
Со овој проект, Гавазова не само што претставува нова песна, туку и ги подигнува продукциските стандарди кога станува збор за домашните музички видеа. Од звукот, преку визуелната приказна, па сè до интернационалната екипа – „Mama Queen“ изгледа како проект што амбициозно цели кон врвот на летните плејлисти.
Ако судиме по атмосферата, ритамот и гламурозните кадри од Малдивите, едно е сигурно – балканското лето добива нова музичка кралица.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски
