Ниту строгата тајност, ниту обидите да се сокријат од јавноста не помогнаа информациите од студиото – веќе стигнаа до редакцијата на музичкиот портал Музика24. Една од најголемите женски фолк легенди и една од најактуелните млади поп пејачки во моментов подготвуваат заеднички дует кој се чуваше во најстрога доверливост.
Иако од двата табора се обидуваат да го сокријат проектот, нашите извори велат дека песната е веќе готова и дека промоцијата треба да биде во месец јуни што подразбира дека станува збор за песна што ќе го одбележи летото. Овој неочекуван спој на две различни генерации и стилови е на пат да стане најголемата тема на естрадата годинава.
Стилски се на спротивни страни, извори блиски до пејачките велат дека вокалите се вклопиле совршено, но, како изненадување се појавува и машки вокал, а станува збор за сопруг на една од пејачките.
Текстот го подготви: Дамјан И.
