Во прв ред

Black Coffee доаѓа во Скопје: Светската afro-house сензација на Стадион АРМ

Скопје ова лето ќе биде домаќин на еден од најголемите настани во електронската музика, откако светски познатиот диџеј и продуцент Black Coffee ќе настапи на 19 јуни 2026 (петок), со почеток во 22 часот, на Стадионот на АРМ.

Станува збор за артист кој одамна ја надмина улогата на диџеј – Black Coffee е глобален бренд и симбол на современата електронска сцена. Неговиот уникатен звук, кој комбинира длабоки house ритми со африкански влијанија, го позиционира како еден од главните двигатели на afro-house движењето во светот. Добитник на престижната награда Grammy Award, Black Coffee зад себе има настапи на најголемите светски сцени, вклучувајќи распродадени концерти во Madison Square Garden и The O2 Arena. Неговите сетови не се само музика – тие се искуство, атмосфера и емоција која ја обединува публиката.

Организаторите најавуваат дека публиката во Скопје ќе има можност да биде дел од The Ultimate Black Coffee Experience – спектакл под отворено небо на една од најатрактивните концертни локации во градот.

Повеќе детали за цените на влезниците и ВИП пакетите ќе бидат објавени на 4 мај (понеделник) во 11 часот, додека официјалната продажба започнува на 5 мај (вторник) во 10 часот преку avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

Овој настан ветува да биде еден од најзначајните музички моменти ова лето, привлекувајќи публика не само од Македонија, туку и од целиот регион.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: