Во прв ред

Здравко Чолиќ со три ексклузивни концерти во Скопје – првпат со симфониски оркестар (Фото)

Легендата на балканската музичка сцена, Здравко Чолиќ, ова лето ќе приреди вистински музички спектакл во Скопје. Во јуни, на вториот, третиот и четвртиот ден од месецот, тој ќе одржи три ексклузивни концерти во арената „Борис Трајковски“, кои ќе бидат уште поуникатни поради тоа што за првпат ќе настапи со симфониски оркестар.

Претходно закажаните концерти во март беа одложени поради трагичниот настан во Кочани, кога загинаа млади животи во дискотека. Со почит и сочувство, Чолиќ ги помести датумите за почетокот на јуни, а интересот за настапите не само што не стивна, туку уште повеќе се зголеми.

Овој повратнички настап во главниот град доаѓа по пауза од шест години, што го прави настанот уште поспецифичен и посакуван. Публиката ќе има ретка можност да ужива во неговите најголеми хитови, подигнати на едно ново, оркестрално ниво, во амбиент кој ветува вистинско музичко доживување.

Билетите за концертите се веќе во продажба, со цени што се движат од 1.800 до 4.000 денари, зависно од позицијата во салата. Организаторите очекуваат три полни вечери, исполнети со емоции, харизма и магијата што само Чолиќ знае да ја донесе на сцена.

Скопје со нетрпение го очекува Чола – за да заедно напише уште една незаборавна страница од својата музичка историја.

Можеби ќе ве интересира: