World Music

По седум години пауза Мараја Кери се враќа со нов студиски албум „Here for It All“

По седумгодишна пауза, светската поп-ѕвезда Мараја Кери се врати со својот шеснаесетти студиски албум „Тука за сè“ (Here for It All), кој излезе во издание на нејзината продукциска куќа „Мараја“.

Албумот содржи 12 песни, а Кери го опишува како летен, свеж и инспириран од различни музички емоции. Првиот сингл, објавен во јуни, ѝ донесе уште еден историски успех – 50-ти влез на „Билборд“ топ-листата, со што ја зацврсти својата позиција како една од најуспешните изведувачки на сите времиња. На денот на издавањето, Кери го претстави и третиот сингл од проектот.

Од поп до хип-хоп, госпел до аренби, албумите на Кери опфаќаат повеќе жанрови и стилови. Во комбинација со нејзините неповторливи текстови, тие нè водат на автобиографско патување – од болно детство и горчлив развод, до моменти на сомнеж и внатрешна сила,“ пишува списанието Ролинг стоун.

Американскиот магазин посебно потсетува и дека меѓу сите албуми на Кери, „Пеперутка“ (Butterfly) од 1997 останува највисоко оценет и најзначаен во нејзината кариера. Со „Here for It All“, Кери уште еднаш ја докажува својата способност да се обновува и изненадува публиката – носејќи топлина, енергија и искреност што ја прават уникатна музичка икона веќе три децении.

Можеби ќе ве интересира: