Теа Трајковска е еден од представниците на “свежата крв” на македонската музика, младата и талентирана пејачка. Креативна, оригинална, шармантна . Ова е нејзината 10-ка.
Имено, 10-ка е нова рубрика, во која ќе можете да ги прочитате одговори од вашите омилени ликови од домашната сцена пред се, но и од Балканот. Секој кој оставил трага ќе биде дел од 10-ка.
Петок во 13 часот читајте 10-ка.
Која е вашата идеја за совршена среќа?
- Можеби е клише ама секојдневната среќа навистина ја чинат мали нешта.Не верувам дека постои нешто што е совршено, бидејќи да ни е дадено се од раѓање не би имале за што да се бориме, ниту да знаеме или умееме да распознаеме што е среќа. За мене среќа е да се чувствувам добро во своја кожа и реализирано дури и кога имам лош ден.
Кој е вашиот најголем страв?
- Ниеден страв не ми е врзан со мене, претпоставувам дека единствен страв ми е било каква несреќа на некој од моите најблиски.
На која жива личност и се восхитувате најмногу?
- На мајка ми
Кои зборови или реченици ги користите премногу често?
- Ваљда треба да каже некој друг што ме познава, не сум сигурна дека ќе бидам објективна. Најверојатно најчесто употребувана реченица на daily basis ми е што го прашувам кучето дали му се шета мислам реторичко е прашањето, одговорот се знае.
Како се чувствувате во моментов?
- Пробувам да најдам ентузијазам, оптизам и надеж, иако станува се потешко во оваа ситуација во која се наоѓаме.
Кој е вашиот омилен писател, а кој сликар?
- Хамм, искрено читам многу, но откако пораснав не се врзувам премногу за автори и незаменливо е местото на Џ.К.Роулинг (Хари Потер) a, сликар, сестра ми
Кои се вашите омилени имиња?
- Не сум размислувала на темава искрено. Знам дека ако имам некогаш ќерка, ќе се вика Уна.
Кои вредности ги цените најмногу кај еден пријател?
- Лојалност – дефинитивно и најважно
Подготви: Редакција Музика24

