Muzika24.mk е повеќе од музички портал – тоа е дигитална сцена каде што музиката зборува, инспирира и поврзува. Создаден од енергијата на млада, но искусна редакциска екипа, порталот има јасна мисија: да информира, забавува и да донесе свеж пристап во начинот на кој се пренесуваат музичките приказни.

Од своето основање на 1 декември 2011 година, Muzika24.mk континуирано се развива и прерасна во еден од најрелевантните музички медиуми во Македонија. Со внимателно селектирани содржини, порталот нуди дневни новости, ексклузивни интервјуа, анализи и текстови кои ја следат домашната и светската музичка сцена.

Содржината е креирана со фокус на младата публика – од тинејџери до млади возрасни (7–107 години), распоредена во јасни категории и подкатегории кои се прилагодуваат според интересите и навиките на читателите. Токму таа флексибилност и креативен пристап се причината поради која читателската заедница на Muzika24 расте од месец во месец.

Нашето мото, „Музика24 – Читај музика!“, не е само слоган, туку филозофија – затоа што музиката не се слуша само, туку и се доживува, чита и живее.

Редакција на Музика24:

  • Марија Поповска
  • Александра Блажевска
  • Христина Секулоска
  • Дениза Илиеска
  • Андреја Андреевиќ
  • Влад Петров

Веб, графички дизајнер и администратор: Прајм хост

Со активна присутност на социјалните мрежи и директна комуникација со публиката, Muzika24.mk останува блиску до читателите и артистите, следејќи ги трендовите, но и создавајќи свои.

Muzika24.mk – местото каде што музиката има свој глас.