Музика24 е специјализиран македонски музички портал кој од 1 декември 2011 година континуирано ја следи, афирмира и документира музичката сцена во Македонија, регионот и светот. Основан во време кога интернетот стануваше примарен извор на информации, Музика24 произлезе од јасна потреба – да се создаде современо, динамично и веродостојно електронско гласило кое ќе ѝ се обрати на публиката што живее со музиката и ја следи нејзината еволуција.

Првичната идеја беше фокусирана на македонската музичка сцена – нејзините актуелности, нови надежи и докажани вредности по кои сме препознатливи и надвор од границите. Со текот на времето, следејќи ги импулсите на современото медиумско време и интересите на својата публика, концептот се прошири, а Музика24 прерасна во портал кој со ист интензитет информира за балканската и светската музичка сцена, селектирајќи релевантни и атрактивни содржини според актуелноста и интересот на читателите.

Зад порталот стои млада, но искусна новинарска и техничка екипа, која со страст, ентузијазам и професионален пристап повеќе од четиринаесет години (14 години) е присутна на најзначајните музички и јавни настани во земјата и регионот. Основниот новинарски принцип – навремено, точно и објективно информирање, директно од лице место, останува темелниот кодекс според кој функционира Музика24 од самиот почеток до денес.

  • Иако примарен фокус е вкусот и енергијата на помладата публика, музиката како универзален јазик овозможи порталот да биде следен од читатели од различни генерации, што дополнително ја потврдува неговата релевантност и доверба. Интерактивниот однос со публиката овозможува Музика24 постојано да ги следи и прилагодува своите содржини според желбите и потребите на читателите. Релевантноста и кредибилитетот на порталот се потврдени и преку медиумско покровителство и соработка со бројни реномирани музички и културни настани, меѓу кои: „Фестивалот на забавни мелодии – Макфест“, „Охрид фест – Охридски трубадури“, „Фолк Фест Валандово“, „Роса фест“, „Фестивал на шегобијни песни – Тумба фест, Skopje Calling, „Лешочки фолк фест“, „Владимирово фолк фест“, „Етно Плоштад Фестивал, „Тиквешки гроздобер“„Пивофест“, „Гастромак“ и многу други.

Постојаното творештво на музичките артисти, динамиката на сцената и љубовта кон музиката се главниот мотив Музика24 и понатаму да се развива како еден од најсеопфатните и најпочитувани музички портали во регионот, континуирано надградувајќи се во технолошка, естетска и информативна смисла.

Музика24 останува посветен на музиката – и на сите радости, емоции и приказни што таа ги носи со себе.