„Валандово Фолк Фест” или „Роса Фест”?
Стојне Николова: „Роса Фест”.. првиот мој фестивалски настап ми беше на „Роса Фест” и посебно ми е драг тој фестивал.
Анета Мицевска или Анастасија Петреска?
Стојне Николова: Анета… и двете си ги почитувам и се извонредни вокали, но Анета е човекот од кого сме учеле ние како помлади.
Настап пред 100 луѓе или 1 милион прегледи на YouTube?
Стојне Николова: Настап пред 100 луѓе… едноставно ја сакам и зависна сум од таа енергија која ми ја дава публиката на настапи.
“После мене“ или “Рано е“?
Стојне Николова: “Рано е”… Повесела е.
Ден или Ноќ?
Стојне Николова: Ден
Турнеја во Австралија или Турнеја во Америка?
Стојне Николова: Америка… бидејќи омилен град ми е Њујорк.
Собрание или Ријалити?
Стојне Николова: Собрание… не гледам ријалити.
Балада или Брза песна?
Стојне Николова: Балада… емоциите доаѓаат до израз.
Струмица или Скопје?
Стојне Николова: Струмица. Мој роден крај и имам преубави спомени.
Дует со Сузана Гавазова илу Дует со Елена Велевска?
Стојне Николова: Со двете би снимила дует, и двете се посебни и различни… не можам да се одлучам.
Народна музика или Турбо фолк?
Стојне Николова: Народна. Бидејки сум израсната со Македонска народна песна и тоа е за мене нашето богатство.
Куќа полна со деца или Светска кариера?
Стојне Николова: Моментално мислам дека не сум спремна за деца и затоа бирам светска кариера.
Мини здолниште или Длабоко деколте?
Стојне Николова: Мини здолниште… не знам зошто.
Васка Илиева или Петранка Костадинова?
Стојне Николова: Петранка… има пораскошен глас.
Добар стас или Добар глас?
Стојне Николова: Добар глас… најважно во нашата професија, се друго е само плус за пеачот.
Полн кофер со пари или Вистинска љубов?
Стојне Николова: Вистинска љубов… затоа што среќата и љубовта не се купуваат со пари.
Романтична вечера под ѕвезди или Доручек во кревет?
Стојне Николова: Доручек во кревет.
“Преспав” или “Салон Хармони”?
Стојне Николова: Преспав… омилената моја серија со која секоја вечер си заспивам.
Патување околу светот со семејството или Пикник со момче?
Стојне Николова: Патувања околу светот со семејството… ќе го земам и момчето со нас.
Подготви: Редакција Музика24
