Денеска напладне на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ традиционално ученици од основните и средните општински училишта го формираа македонското знаме. Овој препознатлив бренд на Прилеп кога се во прашање чествувањата за денот на народното востание 11 Октомври се одржува 16 години по ред почнувајќи од 2010 година по иницијатива на просветните работници од Прилеп.
Денешното знаме во Прилеп беше формирано од над 1.200 ученици од основните и од средните училишта во Прилеп и со тоа учениците испратија порака за љубовта кон татковината, едниснтвото и почита на симболите на државата.
Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека е горд што по четврти пат од возобновувбањето учениците повторно ја разбираат пораката што тие ја ипраќале.
„Во 2023 година ја возобновивме оваа традиција, која започна во 2010 година, со јасна цел, на младите генерации да им го приближиме вистинското значење на македонското знаме, грбот и химната. Горд сум што оваа година, по четврти пат од возобновувањето, нашите ученици повторно покажуваат дека ја разбираат пораката што ја испраќаме.“-вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп и упати благодарност до учениците, наставниците и прилепските училишта кој ја чуваат и продолжуваат традицијата.
Инаку, чествувањата за празникот продолжуваат и утре кога во Прилеп ќе се одржи и централната манифестација закажана за 19:00 часот на Камената бина на плоштадот „Арт“ во Прилеп.
Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
