Музика на кирилица

„Лаж“ – новата музичка исповед на Калиопи во соработка со Ромео Грил (Видео)

Само неколку дена по концертниот спектакл во преполната арена „Борис Трајковски“, каде што илјадници посетители ги пееја нејзините безвременски хитови, Калиопи го претстави својот најнов музички проект. Станува збор за синглот „Лаж“, кој веќе е достапен заедно со официјалниот видео спот.

Песната својата концертна премиера ја имаше токму на големиот скопски концерт, кога публиката прва ја слушна во живо и ја поздрави со долг аплауз. Сега, „Лаж“ добива и своја визуелна димензија, носејќи ја истата емоција што Калиопи ја пренесе од сцената. Зад новото музичко остварување повторно стои Ромео Грил, кој се потпишува како автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата. Нивната долгогодишна соработка уште еднаш резултира со песна што носи препознатлив печат – силна емоција, искреност и современ музички израз.

Видео спотот е во режија на Лука Сеп, додека продукцијата ја реализираше „Kavakava Production“. Со внимателно осмислената визуелна приказна, видеото ја надополнува атмосферата на песната и ја пренесува нејзината порака на впечатлив и модерен начин.

KALIOPI - LAŽ (OFFICIAL VIDEO, 2026)

Со „Лаж“, Калиопи уште еднаш покажува дека не престанува да создава музика која допира до публиката. По концертот што многумина го оценија како еден од најемотивните музички настани годинава, новиот сингл претставува природно продолжение на една успешна музичка приказна и уште една потврда за нејзината неприкосновена уметничка енергија.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: