Денешниот ден е исполнет со емоции, радост и гордост во семејството Алачки. Синот на маестро Горан Алачки – Благоја, денес го одбележува својот 31. роденден, повод кој беше проследен со силна и искрена татковска порака што ги допре срцата на многумина.
Маестро Горан Алачки, еден од најценетите македонски музичари и уметници во Македонија и пошироко, на својот фејсбук профил јавно ја сподели својата љубов и гордост кон синот, честитајќи му го роденденот со зборови полни топлина и животна мудрост:
„Нека е убав денот… 31 година…
Патувај низ животот со мислата Татко…
Среќен роденден, сине мој…“.
Овие неколку реченици, напишани од срце, зборуваат повеќе од илјада зборови – за врската татко–син, за љубовта, поддршката и тивката сила што родителот ја носи и ја пренесува низ годините. Објавата предизвика бројни реакции, честитки и коментари од пријатели, колеги и почитувачи, кои се приклучија кон убавите желби упатени до Благоја.
По тој повод, и ние од музичкиот портал Музика24 со голема чест и задоволство му го честитаме роденденот на Благоја Алачки, посакувајќи му многу здравје, лична среќа, љубов и успех на сите животни полиња. Нека секоја нова година биде исполнета со радост, мудрост и остварени соништа.
Среќен роденден и нека е за многу години!
