Covers

Младата музичка ѕвезда Наум Ивановски – Нани со емоционална изведба на хит песната „Додирни ме“ (Фото+Видео)

По успешната промоција на песната „Заборави“, која низ музичките портали и социјалните мрежи доби одличен прием, Наум Ивановски – Нани, повторно го насочува вниманието на публиката со нешто навистина посебно. Овојпат, младото музичко име се одлучи да ѝ даде нов живот на една од најемотивните балади на балканската рок-сцена – „Додирни ме“ од легендарната Галија.

Неговата верзија, која веќе е достапна на YouTube, за само неколку дена стана една од најслушаните кавер изведби, освојувајќи ја публиката со својата чувствителност, топлина и автентичност. Каверот не е само уште една интерпретација – тој е интимно музичко патување, каде што Нани низ секој стих внесува сопствена емоција и раскажува приказна што допира длабоко.

Аудио и видео продукцијата на каверот е дело на Спасецовски Студио, зад кое стои искусниот Александар Спасецковски, кој повторно покажува зошто важи за еден од најталентираните млади продуценти на домашната сцена. Нани, пак, како што вели во разговор со блиски соработници, моментално се наоѓа во Германија, каде што ги полни батериите, но и активно размислува за следните чекори во кариерата. Веќе се шпекулира дека работи на нов материјал, кој може да излезе до крајот на годината или во првите месеци од 2026.

„Се надевам дека нешто ново ќе се создаде. Не брзам, но чувствувам дека има уште многу музика во мене што сака да излезе“, изјави Нани.

Коментарите на публиката не изостанаа. Социјалните мрежи се полни со пофалби за вокалната интерпретација, а особено се истакнува автентичниот пристап, без премногу стилски отстапки од оригиналот, но сепак со доволно личен печат. Музичките фанатици коментираат дека токму вакви кавери ѝ се потребни на балканската сцена – искрени, добро отпеани и продукциски квалитетни. А Нани, без сомнеж, го постигнува токму тоа.

Со само неколку официјални изданија зад себе, Наум Ивановски – Нани веќе полека, но сигурно, си го трасира патот на една нова и препознатлива музичка кариера. Без претенциозност, но со голема љубов кон музиката, тој покажува дека кавалитетот и искреноста секогаш наоѓаат пат до публиката.

Останува да видиме што следно подготвува – но ако се суди според досегашната работа, иднината изгледа светла за ова момче кое нежно, но самоуверено си го гради својот уметнички пат.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: