На 17 -ти Октомври 2026 година (сабота) од 19:00 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на фолклор за деца и млади „Играме заедно“. Домаќин на вечерта, која е под мотото „Убавината на различностите“ е КУД „Моминок“ кое твори и работи во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Вечерта за првпат се организира и планирано е да прерасне во фестивал, да стане традиција, а е дел од сопствената програма на Центарот за култура.

Освен КУД „Моминок“ на вечерта ќе се претстават Културните уметнички друшта „Младост“ од Кичево, „Илинден“ од Кривогаштани, „Вапцаров“ при Центарот за култура од Делчево, „Лазарица“ од Станари, Босна и Херцеговина и „Охриѓанка“ од Охрид.
Од Прилеп за Музика24 известува: Христијан Ангелески
