Културо

Утре вечер на фолклор за деца и млади „Играме заедно-убавината на различностите“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

На 17 -ти Октомври 2026 година (сабота) од 19:00 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на фолклор за деца и млади „Играме заедно“.

Домаќин на вечерта, која е под мотото „Убавината на различностите“ е КУД „Моминок“ кое твори и работи во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Вечерта за првпат се организира и планирано е да прерасне во фестивал, да стане традиција, а е дел од сопствената програма на Центарот за култура.

Освен КУД „Моминок“ на вечерта ќе се претстават Културните уметнички друшта „Младост“ од Кичево, „ Илинден“ од Кривогаштани, „Вапцаров“ при Центарот за култура од Делчево, „Лазарица“ од Станари, Босна и Херцеговина и „Охриѓанка“ од Охрид.

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: