На 26 -ти Октомври 2026 година (понеделник) од 18:00 часот во големата сала од Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп концерт ќе одржи Октетот Прилеп.
Октетот Прилеп ќе го одржи својот годишен концерт. Ќе се претстави со дел од својот репертоар на староградска песна , но и избор на ново подготвени композиции, со кои ќе го предизвика интерсот на јавноста.
Гости на вечерта се Сашо Башески, Викторија Георгиеска и Михаил Милошески.
Октетот Прилеп, долги години работи под патронство на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп и има реализирани многубројни концерти во земјава и учествувано на фестивали.
Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
