Најавениот битолски концерт на Бојана Скендеровски добива уште една музичка димензија. На 30 октомври, во Центарот за култура, покрај песните што ја одбележаа нејзината кариера, публиката ќе има можност да го слушне и Димитар Андоновски, нејзин драг колега и музичар со кого ја поврзува и соработката на песната „Оди си”.
Андоновски го потпиша аранжманот за оваа нумера, а сега со Бојана ќе се сретне и на сцената, во вечер во која музичката приказна ќе ја надополнат и нивната колегијалност и заедничката работа. Неговото гостување е дополнителна причина концертот во Битола да донесе и поинакви моменти, надвор од вообичаениот концертен репертоар.

За Бојана, настапот во Битола, по успешните дружења во Скопје, Штип и Тетово, е можност повторно да се сретне со публиката во градот што ѝ е особено драг, овојпат со изненадување за посетителите и музички гостин со кого ја поврзува и една од нејзините песни.
Концертот е закажан за 30 октомври, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура во Битола. Влезниците се во продажба на продажните места на Димпо Тобако.
