Со силна порака дека „малите дела на добрина го менуваат светот“, Бојана Скендеровски започнува ново поглавје – не само на музичката сцена, туку и во хуманоста. Таа и официјално стана амбасадор на хуманоста на Дом за деца без родители „11 Октомври“, преземајќи активна улога во поддршката на децата без родителска грижа.
Емотивната средба со дечињата, исполнета со прегратки, искрени насмевки и солзи радосници, за неа претставува момент кој засекогаш ќе го носи во срцето. Скендеровски најавува дека ќе биде нивен глас – преку учество во активности, посети и јавни апели за поголема поддршка, донации и вложување во нивната иднина.

Паралелно со оваа значајна мисија, Бојана не запира ниту со музиката. Таа најави концерт на 22 мај во Тетово, каде публиката ќе има можност да биде дел од вечер исполнета со емоции, музика и силна порака за заедништво. Картите се веќе во продажба, а интересот е сè поголем.
Со спој на хуманост и уметност, Скендеровски испраќа јасна порака – дека секој од нас може да направи разлика.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
