По успехот на песната “Head High” со TK Wonder, која се најде на стотици плејлисти на радиостаници низ светот, Кирил Џајковски ја објавува втората најава за новиот албум. Синглот “Trigger Vision” е соработка со Rootsman I, вокалист на бендот Conquering Lion и член на концертниот бенд на Џајковски.
Слично како “Head High”, песната стилски му припаѓа на драменбејс жанрот, но вклучува и реге влијанија и
претставува моќна комбинација од jungle, jump-up и електроника. Албумот “Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои најуспешниот македонски електронски изведувач работеше со неговите соработници
изминатите две години.
Новиот сингл на Кирил Џајковски и Rootsman I, “Trigger Vision”, може да се слушне и преземе од следниов линк: Филтер Лабел.
