Музика на кирилица

На 19-годишнината од заминувањето на Тоше: Сплит ќе пее „Тоше засекогаш – музика која живее“

Македонија и на целиот Балкан. На тој ден, во 2007 година, во трагична сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска, прерано згасна животот на Тоше Проески – човекот чиј глас, хуманост и музика оставија неизбришлива трага во срцата на милиони луѓе. Токму на денот кога се навршуваат 19 години од неговото заминување, на 16 октомври, со почеток во 20 часот, во салата „Грипе“ во Сплит ќе се одржи концертот „Тоше засекогаш – музика која живее“, посветен на најголемата македонска поп-ѕвезда.

Вечерта ќе биде исполнета со безвременските хитови на Тоше, кои ќе ги изведе 30-член македонски симфониски оркестар под диригентската палка на Владимир Димовски. На сцената ќе настапат македонските пејачи Димитар Андоновски, Стојне Николова, Бојана Скендеровска, Огнен Здравковски, Александар Тасевски и Сеид Алиовски. На концертот ќе им се придружат и познати музички имиња од регионот – Антонија Шола, Ивана Ковач – ќерка на легендарниот Мишо Ковач, Петар Драгојевиќ – внук на незаборавниот Оливер Драгојевиќ, црногорскиот пејач Бојан Маровиќ, како и младата босанско-херцеговска пејачка Илма Карахмет.

Овој концерт нема да биде само музички настан, туку вечер исполнета со емоции, спомени и благодарност кон човекот кој со својот глас ги обединуваше луѓето без разлика на граници, вера или националност. Деветнаесет години подоцна, Тоше физички го нема, но неговите песни продолжуваат да живеат, да инспирираат и да потсетуваат дека вистинските уметници никогаш не заминуваат – тие живеат преку своето дело и љубовта што ја оставиле зад себе.

Текстот го подготви: Влад Петров

Фото: KLS Events

Можеби ќе ве интересира: