Македонската фолк музика и годинава ќе ги собере своите најголеми имиња на една сцена. На 9 ноември 2026 година, сцената на Македонската опера и балет повторно ќе биде дом на најголемите имиња од македонската фолк музика, кога ќе се одржи 27. издание на еден од најзначајните домашни музички фестивали.
Под мотото „Една ноќ, многу хитови“, публиката ќе има можност да проследи вечер исполнета со премиерни композиции, нови музички приказни и настапи на докажани музички ѕвезди кои со децении ја градат македонската фолк сцена. Иако организаторите засега не ги откриваат сите детали, веќе е познато дека и оваа година на фестивалската сцена ќе продефилираат голем број познати македонски музички имиња, а нивните имиња ќе бидат објавувани во периодот што следува.
Билетите веќе се во продажба по цена од 400 денари, преку продажната мрежа на Карти.ком.мк.

Ретки се музичките фестивали во Македонија кои успеваат речиси три децении да го задржат својот континуитет, препознатливост и доверба кај публиката. Токму затоа „Фолк Фест Роса“ денес претставува еден од најважните чувари на современата македонска народна музика. Во изминатите 26 фестивалски изданија, на неговата сцена се претставија речиси сите најголеми домашни фолк изведувачи, автори и композитори. Тука беа промовирани десетици песни кои подоцна прераснаа во безвременски хитови, а фестивалот стана место каде што традицијата и современиот музички израз успешно се спојуваат.
Освен што промовира нови песни, „Фолк Фест Роса“ со години претставува значајна платформа за афирмација на домашното музичко творештво, новите автори и младите интерпретатори, истовремено негувајќи ги вредностите на македонската фолк музика.
Очекувањата и годинава се големи. Нови песни, нови сценски изненадувања, врвна продукција и многу емоции се само дел од она што ја очекува публиката на 9 ноември.
Едно е сигурно – љубителите на македонската фолк музика повторно ќе имаат можност да бидат дел од вечер која ќе понуди многу повеќе од фестивал. Вечер исполнета со музика, традиција и нови хитови кои ќе останат да живеат и по спуштањето на завесата. Музичкиот портал Музика24 и оваа година ексклузивно ќе ги следи сите случувања поврзани со фестивалот. Во наредните денови очекувајте информации за учесниците, новите композиции, гостувањата, пробите и сè што ќе се случува зад сцената на 27. „Фолк Фест Роса“.
Текстот го подготви: Марија Поповска
