Кога ќе слушнете за турската серија “Кога лисјата паѓаат“ се потсетувате на едно убаво време кога се беше поинаку, таа серија беше една од првите кои се емитуваа на тогаш најгледната телевизија во Македонија, денес за жал згаснатата А1 телевизија. Но благодарение на Алфа телевизија, оваа турска телевизиска новела кон крајот на минатата година започна да се емитува, односно, повторно да се ре-емитува или репризира на тв екраните во нашата држава.
И иако сите ние ја гледавме пред 10, а можеби и повеќе години, сите случувања добри, лоши и сето она што се случува во оваа серија, е толку реално и толку нам блиску, како истата да е снимана пред некој месец, или година.
Во оваа драмска телевизиска серија беше прикажана приказната за Али Риза, неговата сопруга Хајрие и нивните деца, кои ги воспитуваа со висока морална свест и силни чувства за семејни вредности. Тие живеат во мал град, но одлучуваат да се преселат во Истанбул, каде поради модерниот начин на живот и економската нестабилност, ќе се соочат со многу проблеми.
Сигурно многу добро се сеќавате на ликовите, кои и ден-денес ги гледаме и кои често пати будат тага, но и насмевки на нашите лица. Серијата е снимена пред повеќе од 10 години, и оттогаш е поминато доста време. Како актери во оваа серија се појавуваат познатите Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар и други, а како денес изгледаат тие, погледнете во продолжение:

Халил Ергун (Али Риза) е еден од најпознатите актери во Турција. Од завршувањето на серијата до денес е поминато доста време, меѓутоа нема некоја голема промена кај него, очигледно животот му годи.

Ѓувен Хокна (Хајрие) симпатичмата сопруга на Али Риза која постојано не смееше и развеселуваше.

Бени Јилдирмлар (Фикрет) беше највозрасната, која се грижеше за семејните вредности и чија цел беше да ги изведе своите помали сестри на вистински пат.

Хасан Кучукчетин (Шефкет) единствениот син во семејството Текин, кој помина низ многубројни незгоди и проблеми во животот поради својата злобна сопруга Ферхунде.

Дениз Чакар (Ферхунде) ни е многу добро позната, бидејќо освен во „Лисјата паѓаат“, ја гледавме уште во неколку мега популарни серии. Сите се навикнавме на нејзините интриги и проблеми кои им ги донесе на семејството Текин.

Фахрие Евџен (Неџла) денес е мажена со популарниот „Бали-бег“, а во серијата беше вљубена во Огуз.

Ѓокче Бахадир (Лејла) психички нестабилна личност која постојано се расправеше со сестра и Неџла.

Толга Карел (Огуз) беше еден од најголемите проблеми за семејството Текин, тој беше причина за расправија помеѓу двете сестри, бидејќи беа заљубени во него.

Ѓулер Октан (Џеверие) нема некој што не се сеќава на свекрвата на Фикрет, Џеврие. Иако на моменти делуваше злобно, сепак постојано не смееше со шегите кои ги кажуваше.
Подготви: Редакција Музика24
