Музика на кирилица

Елена Андоновска ја промовираше “Река газит малој моме”, посветена на музичката легенда Александар Сариевски (Фото+Видео)

Неодамна познатата македонска пејачка Елена Андоновска не почести со уште еден видео запис, а со тоа го заокружи и проектот кој беше посветен на доајените на македонската народна песна и истиот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за културата во Македонија.

Видео записот е изработен за песната “Река газит малој моме”, а Елена го посвети на Александар Сариевски кој е препознатлив по изведбата на оваа народна песна, добро позната во Мијачијата. Видеото се снимаше во манастирот СВ. Јован Бигорски, селата Лазарополе и Галичник и други локации карактеристични за овој регион.

Елена секогаш внимава на својот изглед. Неможе а да не биде забележан нејзиниот современ етно стил кога е во прашање изборот на облека, но како и во останатите видео записи кои се дел од овој проект за песните „Мори деј Невено“ и „Сношти појдов мила мамо на седенка“ повторно ја гледаме во народна носија овој пат од етничкиот предел Мала Река.

Можеби ќе ве интересира: