Балканленд

Јаков Јозиновиќ го објави првиот албум „Јас за чуда летим“ – десет песни што ја раскажуваат неговата приказна (Видео претставување)

По распродадени концертни сали, милионски прегледи на дигиталните платформи и статус на еден од најперспективните млади поп-изведувачи во регионот, Јаков Јозиновиќ го претстави својот прв студиски албум со симболичен наслов „Јас за чуда летим“.

Изданието содржи десет песни кои претставуваат спој на современ поп-звук, искрени емоции и модерна продукција што чекори во ритам со светските музички трендови. Покрај насловната композиција „Ја за чуда летим“, на албумот се наоѓаат и новите песни „На мјесту мом“, „4 Ласте“, „Мери“, „Вољела би то“, „Рај“, „Нечеш спавати“ и „Стол за двоје“, како и веќе добро познатите хитови „Ја волим“ и „Поље ружа“, кои освоија милионски прегледи, радиостаници и публика низ целиот регион.

Jakov Jozinović - Ja za čuda letim
Jakov Jozinović - Na mjestu mom
Jakov Jozinović - 4 laste
Jakov Jozinović - Meri

Албумот е објавен во издание на K.S.V. Creation, а зад него стои тим од докажани автори, музичари и продуценти од различни генерации. Текстовите и музиката ги потпишуваат Лаура Сучец, Матија Цвек, Јосип Паламета, Јерко Дрљо, Драган Брајовиќ и Јелена Трифуновиќ, додека за продукцијата се погрижија Махир Сарихоџиќ, Марко Паламета, Срѓан Секуловиќ – Сканси, Томислав Пресечки и Зоран Швиги.

Jakov Jozinović - Voljela bi to
Jakov Jozinović - Raj
Jakov Jozinović - Nećeš spavati
Jakov Jozinović - Stol Za Dvoje

„Овој албум за мене е многу повеќе од десет песни. Тоа е приказна за последните неколку години од мојот живот, за луѓето што ги запознав, емоциите што ги доживеав и соништата што ги сонував. Секоја песна носи дел од мене и среќен сум што конечно можам да ги споделам со публиката. Благодарам на сите што веруваа во мене од самиот почеток, на авторите, музичарите и целиот тим, а најмногу на публиката која ми даде ветер во грб. Се надевам дека секој ќе пронајде дел од својата приказна во овие песни“, изјави Јаков Јозиновиќ.

Jakov Jozinović - Ja volim
Jakov Jozinović - Polje ruža

Со ова издание, Јаков Јозиновиќ отвора ново и значајно поглавје во својата музичка кариера, потврдувајќи дека успехот што досега го постигна не е случаен, туку резултат на посветена работа, талент и автентичен музички израз. „Ја за чуда летим“ претставува заокружена музичка приказна која ја доловува зрелоста на еден млад уметник и најавува уште поголеми успеси на регионалната сцена.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: