Месецот октомври или попознат како розов октомври е месецот кога се одбележува женското здравје поточно се одбележува месецот на карцином на дојка. По тој повод и Општина Прилеп со трибина која е организирана од страна на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при советот на Општина Прилеп, а која е под нсалов „Карцином на дојка“ го одбележува розовиот октомври.
На трибината која ќе се одржи на 30 октомври (петок) со почеток од 18:00 часот во собраниската сала од општинскта зграда во центарот на Прилеп ќе говорат доктор Димитар Иваноски и доктор Гордана Љушиќ, двајцата доктори специјалисти по хирургија .
Имено, трибината се одржува со цел да ја зголеми информираноста за превенцијата, значењето на раното откривање и грижата за женското здравје. Од Општина Прилеп ги повикуваат сите жени да присуствуваат на трибината.
„Ги покануваме сите жени од Општина Прилеп да присуствуваат, да се информираат и да бидат дел од разговорот што може да направи вистинска разлика. Грижата за здравјето почнува со информираност, но и со одлука да не ги одложуваме прегледте.“-велат од Општина Прилеп.
Раното откиривање на карциномот на дојка може да го спаси животот. Затоа, разговорот за карциномот на дојка, редовните лекарски прегледи и навремената дијагноза се важни за секоја жена.
Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески
