Познатиот кантавтор, Балашевиќ почина вчера, на 19 февруари, на 67-годишна возраст. Веста за неговата смрт го растажи целиот регион, па луѓето се збогуваа преку социјалните мрежи, а многумина дојдоа пред неговата куќа во улицата “Јован Цвијиќ” да запалат свеќи и да му оддадат почит. Саканата сопруга на Балашевиќ, Оливера, го напушти семејниот дом плачејќи.
“Многу ми е тешко. Но, тој ќе остане жив преку песните што ни ги остави”, едвај прозборе обожавател на познатиот кантавтор низ солзи.

