Фестивали

Макфест 40 години – признание за музичкиот портал Музика24 за придонес и развој на „Макфест“ и македонската забавна музика

Во пресрет на големата свечена вечер по повод јубилејните 40 години од фестивалот „Макфест“, во Штип се одржа последната прес-конференција на која организаторите ја споделија својата благодарност кон сите што низ годините придонеле за развојот и зачувувањето на оваа уникатна музичка традиција.

Како вистинско изненадување за присутните новинарски екипи, на самиот прес беа доделени плакети и признанија за личности, институции и медиуми кои со својата работа оставиле значаен белег во историјата на фестивалот.

Со особена чест, една од плакетите годинава ѝ беше доделена на новинарската екипа на музичкиот портал Музика24, за континуиран придонес во промоцијата на македонската забавна музика, „Макфест“ и домашната сцена воопшто.

„Голема чест е кога трудот и љубовта кон музиката ќе бидат препознаени. „Макфест“ отсекогаш бил симбол на македонската песна, а ние со гордост ќе продолжиме да го поддржуваме и промовираме овој фестивал и сите таленти кои произлегуваат од него“, изјавија од редакцијата на Музика24.

Четири децении по своето основање, „Макфест“ останува синоним за македонски хитови, безвременски евергрини и нови генерации на музичари што ја продолжуваат традицијата на домашната песна. Овој гест на признание е уште една потврда дека музиката поврзува, инспирира и живее преку сите што со љубов ја создаваат и ја споделуваат со публиката.

Можеби ќе ве интересира: