Неодамна, во рамките на одбележувањето на 71-от роденден на Општина Кисела Вода и програмата на традиционалното „Културно лето“, публиката уживаше во вечер исполнета со музика, забава и одлична атмосфера. Кулминација на настанот беше настапот на еден од најпопуларните артисти од новата генерација на балканската музичка сцена – српскиот рапер и пејач Војаж, кој со своите најголеми хитови приреди спектакуларен концерт пред бројната публика.
Ексклузивно, единствено екипата на Музика24 – единствениот музички портал во Македонија – доби можност да разговара со Војаж непосредно пред неговиот настап. Во краткото, но исклучително интересно интервју, тој зборуваше за својата актуелна кариера, новите музички проекти, концертите, љубовта кон македонската публика, како и за плановите што следуваат во периодот што претстои.
Што ни откри еден од најслушаните и највлијателни музички изведувачи на Балканот и какви пораки испрати до своите фанови во Македонија, прочитајте во продолжение во ексклузивното интервју за Музика24.

Музика24: Твојата музика често носи силни емоции и животни приказни. Колку од тие стихови се твоја лична вистина, а колку се инспирирани од луѓето околу тебе?
Војаж: Се она што го пејам… се е вистина. И сето тоа е инспирирано од она со кое што јас сум секојдневно опкружен, се она што е околу мене и се она што јас го работам и правам.
Музика24: Имаше одличен вирален хит со Цеца. Често имаш настапи во Македонија, дали си размислувал досега да снимиш дуетска песна со некој познат македонски артист?
Војаж: Со 2 Бона… Тие се мои браќа и со мене се од самиот почетокот. Ако некогаш би работел дует со некој македонски артист тоа би било само со нив, со 2 Бона.
Музика24: Што е она што може да го очекуваме од тебе во идниот период, што е она што го подготвуваш, можеби нова песна, летен хит…?
Војаж: Идниот период ќе има многу нова музика од мене. Подготвив уште еден нов студиски албум, така што во текот на летната турнеја која е во тек ќе излезе и тој и ќе се промовира и сето тоа.
За реализацијата на интервјуто со познатата српска ѕвезда Музика24 упатува голема благодарност до градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и одличниот и секогаш неуморен ПР тим на општината.
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
