Магазин

Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ повторно со музички спектакл во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје (фото)

  Со над 16 музички ѕвезди и околу 40 врвни музичари на сцената во Спортскиот ценатр „Јане Сандански“, декември ќе биде започат, а годината завршена со музичкиот спектакл на добропознатиот и надалеку прочуениот проект „Македонијо во срце те носиме“ кој за скопската и македонската публика ќе приреди повеќечасовно уживање со македонски рефрени.

    Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе биде местото каде што ќе се пејат македонските рефрени со патриотски мотиви во изведба на: Бојана Скендеровски, Ана и Игор Дурловски, Миле Кузмановски, Спасен Силјановски, Зуица Лазова, Росана Сариќ Тодоровска, Александар Тарабунов, Наум Петрески, Верица Ристеска, Андријана Јаневска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски, Драган Спасов-Дац и Александар и Ѓоко Таневски. Почетокот на концертот е закажан за 20:00 часот.

    Организатор на концертот е продукцијата „Скендеровски“ позади која стојат  Васко и Бојана Скендеровски, кој ја знаат и знаат како правилно да ја ценат македонската музика.

Од продукцијата објавуваат дека влезници за концертот може да се набават преку онлјан продажната мрежа на wayin.mk, а истите се однесуваат за интерактивна мапа и партер. Цената на влезниците изнесува 500 денари и 800 денари.

    На 12  декември едно е сигурно, а тоа е датумот кој ќе запише една нова историја на македонската музика за крајот на 2026 година. Ваше да отидете на концертот и да уживате, а музиката препуштете им ја на професионалци како што е екипата која таа декемвриска саботна вечер ќе ве води низ македонската музичка призма наречена „Македонијо во срце те носиме”.

    12 декември 2026 година музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ со концертен спектакл во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот.

Прилогот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: