Магазин

Неда Украден има еден од најскапите хитови на естрадата: Песната е преведена на дури 13 јазици и ѝ донела вистинско богатство (фото+видео)

Песната „Зора је“ на Неда Украден е една од оние музички нумери кои одамна ги надминале границите на обичен хит. Објавена во 1985 година, таа остави неизбришлива трага на музичката сцена, а нејзината популарност не опаѓа ниту по неколку децении.

Музиката за песната ја компонирал познатиот композитор Ѓорѓе Новковиќ, додека текстот е дело на Марина Туцаковиќ. За огромниот успех што го постигнала веднаш по објавувањето најдобро говори податокот дека плочата била продадена во дури 500.000 примероци, што во тоа време претставувало извонреден резултат.

Сепак, и денес особено внимание привлекува приказната за заработката што овој хит им ја донел на неговите автори. Според естрадните приказни, Марина Туцаковиќ во рефренот додала само еден стих: „Суза је из ока капнула“. Токму овие пет зборови, како што со години се раскажува, ѝ донеле повеќе од 100.000 евра приходи од авторските права.

За Неда Украден, оваа песна имала многу поголемо значење од уште еден успешен сингл. Пејачката во повеќе наврати истакнувала колку „Зора је“ влијаела врз нејзиниот живот и кариера. Благодарение на овој хит, ѝ се отвориле вратите на бројни концертни сали, како во регионот, така и ширум светот, а успехот на песната придонел и за нејзината финансиска сигурност.

Она што ја прави оваа песна посебна е фактот што го пронашла патот и до публиката надвор од границите на поранешна Југославија. Низ годините, песната добила дури 13 јазични верзии, а особено голем успех постигнала во Холандија.

Neda Ukraden - Zora je (OFFICIAL VIDEO)

Таму, во 1987 година, пејачот Пит Ферман ја снимил верзијата под наслов „Sailin’ Home“, која набргу се искачила на првото место на музичките топ-листи. Холандското издание постигнало импресивен комерцијален успех, со дури 1,1 милион продадени примероци низ Европа.

Прилогот го подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: