Магазин

Со свечена програма синоќа во Прилеп беше одбележан 11 Октомври (фото)

Со свечена програма лоцирана на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп синоќа беше одбележан Денот на македонското народно востание 11 Октомври.

На свечената програма беше интонирана македонската хационална химна „Денес над Македонија“ од страна на Културното уметничко друштво „Пере Тошев“. Веднаш по интонирањето на химната се обрати градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и беше промиран краток филм за нападот на 11Октомври 1941 година во Прилеп по што следуваше импровизираниот напад на участокот и спектакуларниот огномет кој што всушност е заштитен знак на оваа свечена програма за 11 Октомври повеќе години наназд во Прилеп.

Имено, по сите овие активности предвидени за одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп концертен настап пред прилепчани одржа и музичарката Андријана Јаневска која ги изведе познатите рефрени на „Морска ѕведо“, „Заветна“ и други традиционални македонски рефрени што од нејзиниот репертоар на песни што од нејзини колеги.

Јаневска за Музика 24 вели дека секогаш и е чест да настапува во Прилеп и дека репертоарот намерно е составен од македонски песни што нејзини, што евергрини  и што традиционални македонски песни.

„Секогаш ми е чест да настапувам во Прилеп затоа што Прилеп ја има најдобрата публика. За вас ова претставува навистина важен ден и ми е чест што бев токму гостин на овој важен ден за Прилеп. Репертоарот намерно го составивме од македонски песни и тоа нешто од мојот репертоар, нешто од македонските евергрини и нешто од нашите традиционални македонски песни со цел да се одбележи овој македонски ден со наша македонска музика и јас се надевам дека уживавте.“-изјави Анријана Јаневска за Музика 24.

Инаку, чествувањата за денот на македонското народно востание 11 Октомври во Прилеп продолжија и денеска со положување на свежо цвеќе на спомен обележјата на хероите, со крводарителска акција во Црвениот крст, Меморијалниот турнир во шах „Мат 2026“, автомобилско шоу Tuning car show како и конецртниот настап на Христијан Настески-Пајак закажан за во 18:00 часот на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп.

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: