Музика на кирилица

Андријана Јаневска со најава на нов албум и концерти низ светот

Андријана Јаневска најавува три крупни проекти за оваа година, вклучувајќи нов албум и негова концертна промоција во и надвор од границите на Македонија. Имено, таа откри дека концертната промоција ќе вклучува три солистички настапи во кинеската престолнина Пекинг и концерт во Њујорк, а сето тоа на крајот од годината ќе кулминира со концерт во МОБ.

Албумот ќе биде нејзино деветто, односно трето солистичко издание на кое работела веќе подолг период, но го чекала вистинскиот момент за негово објавување. Меѓу другото, таа откри дека се работи и на дивиди издание од Василичарскиот концерт, каде што годинава се претстави како прв солист со целовечерен концерт.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: