Музика на кирилица

Нов албум на Каролина заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски (Видео)

Конечно, после бројни заеднички настапи и соработки, Каролина сними албум во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. На албумот се застапени единаесет песни – преработки на едни од најубавите, подзаборавени композиции, чии оригинални автори се најмаркантните и најзначајни имиња во македонската забавна и џез музика: Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и др.

Идејата за овој албум се родила во 2016-та година, а оттогаш внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика, во комплетно нови аранжмани. Генијалноста на Дуке која се проткајува аранжмански низ сите единаесет нумери преку композицискиот јазик и пијаното, совршениот вокал на Каролина и импровизациската моќ низ кларинетот на Исмаил, се идеална комбинација за уште едно одлично издание кое веруваме дека ќе предизвика огромен интерес кај сите љубители на овој жанр, но и за пошироката публика.

Албумот се снимаше во јануари годинава во Македонската филхармонија. Песната „Идила” чиј автор е Драган Ѓаконовски Шпато, ќе биде објавена деновиве како најава за новиот албум кој ќе биде достапен за сите наесен. Во продолжение погледнете ја кратката најава од спотот за песната „Идила“.

Можеби ќе ве интересира: