Музика на кирилица

Владимир Четкар ќе настапи на најпознатиот џез-фестивал во Тајланд

Македонскиот џез-гитарист Владимир Четкар во сабота ќе настапи на џез-фестивалот “Хуа Хин” во Тајланд. Четкар е најавен како една од главните ѕвезди на овогодинешниот фестивал, што наиде на големо внимание на тајландските медиуми.

Владимир во Тајланд, покрај фестивалот “Хуа Хин”, ќе има неколку други настапи во Бангкок во придружба на на популарниот тајландски бенд “Фанкшн”. Четкар ќе отсвири и композиција во чест на починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде кој почина минатата година.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: