Премиера

Дејан Николоски-Чуле со нова емотивна балада: „Љубовта е чаша“ (Видео)

Дејан Николоски-Чуле повторно ја допира публиката со искрена емоција. Познатиот македонски фолк-пејач деновиве ја претстави својата најнова песна „Љубовта е чаша“, која од 18 октомври е достапна заедно со официјален видеоспот на неговиот YouTube канал.

Станува збор за емотивна балада што ја раскажува приказната за љубовта која не завршува со разделбата, туку продолжува да живее низ спомените, тишината и чувствата што времето не успева да ги избрише. Со препознатлива интерпретација исполнета со искреност, Чуле уште еднаш покажува дека најсилните приказни се оние кои се чувствуваат, а не само се слушаат.

Музиката за песната ја создаде Коки Коцев, текстот е дело на Огнен Неделковски, додека аранжманот го изработи Дејан Момировски. За врвниот звук се погрижи XL Studio Momirovski, каде што беа реализирани миксот и мастерингот. Во создавањето на ова музичко издание свој придонес дадоа и врвни музичари. Гитарските делници ги отсвири Дамјан Пејчиноски, емотивната виолина е во изведба на Хилми Баки, а придружните вокали ги отпеа Марта Чело, дополнително збогатувајќи ја атмосферата на песната. Музичката приказна е заокружена со внимателно изработен видеоспот во продукција на Pinestel. Режијата, камерата и монтажата ги потпишува Ѓорѓи Вацев, а во видеото се појавува и Катерина Динева, која со својата улога ја надополнува емоционалната приказна што ја носи песната.

Dejan Nikoloski Chule – Ljubovta e chasha (Official Music Video 4K)

Пред премиерата, Чуле преку социјалните мрежи испрати едноставна, но силна порака која совршено ја доловува суштината на новото музичко дело:

„Некои песни не се раскажуваат… се чувствуваат.“

Токму оваа мисла најдобро ја опишува „Љубовта е чаша“ – песна која зборува за љубовта што остава неизбришлива трага, за разделбите што болат и за спомените кои остануваат да живеат долго по последниот поздрав. Новата песна и видеоспотот веќе се достапни на официјалниот YouTube канал на Дејан Николоски-Чуле, каде што публиката може да ја проследи неговата најнова музичка приказна и уште еднаш да се увери дека вистинските емоции никогаш не излегуваат од мода.

Текстот го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: