24 Ексклузивно

Ексклузивно: Дино Мерлин доаѓа во Скопје?! (Фото)

Како и секогаш досега, така и овој пат ексклузивно Ве информираме за новостите околу музичките случувања како кај нас, така и низ регионот и светот. Овој пат специјализираниот македонски музички портал Музика24 дознава дека познатиот балкански поп пејач, кој што ги има речиси најубавите емотивни балади – Дино Мерлин, доаѓа во Скопје со голем концерт во спортската арена “Борис Трајковски”. Концертот е закажан за 28-ми март 2015-та, што се вели народски да ни почне пролетта со песна и секако со Дино Мерлин.

По концертот кој што Мерлин го одржа во Скопје во септември 2010-та, по пауза од четири години повторно се враќа на македонската публика, каде овој пат за прв пат ќе ги промовира своите нови песни, хитови, како и новиот албум “Хотел Национал” кој што Дино Мерлин го промовираше неодамна.

Dino Merlin_raspored na koncertiИнаку, овој познат балкански пејач неодамна ја започна својата голема турнеја, каде меѓудругите европски градови се најде и нашиот град. Како што пишуваат балканските медиуми, неговата голема турнеја ќе биде финишира со големиот спектакуларен концерт кој што Дино Мерлин ќе го има пред својата матична публика на стадионот “Кошево” во Сараево.

Дали на скопскиот закажан концерт Мерлин ќе има свои гости со кои веќе има дуетски песни или пак ќе не изненади со дует со некоја македонска позната музичка ѕвезда, рано е да шпекулираме, но како и да е, мило ни е што толку големо музичко име со голем број на хитови, спотови, албуми… повторно ќе биде дел од едновечерно незаборавно дружење.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: