На големата прослава која што Бугарската музичката телевизија Планета ја организираше по повод 12 години од нејзиното постоење, на 28-ми ноември на сцената се појавија сите ексклузивци кои испеаа дел од својот старо-нов музички репертоар. Една од многуте ексклузивки е и познатата поп-фолк пејачка Преслава, за која во неколку наврати порано пишувавме.
Преслава, овој свечен и голем момент, го искористи и за промоција на новата песна која веќе беше најавена “Режим неприлична”. Оваа песна е дело на нашиот познат македонски композитор кој за оваа песна ги подготви музиката и аранжманот, а станува збор за Оцко Василковски, кој за прв пат соработува со познатата бугарска пејачка. Текстот е на Лора Димитрова. Се уште не се знае дали оваа нова песна ќе доживее свој видео спот, но знаејќи како и на кој начин функционира оваа голема музичка телевизија, претпоставуваме дека наскоро ќе имаме ексклузива први во Македонија да Ви го промовираме најновиот спот на Преслава.
Во продолжение Ви предлагаме да ја преслушате најновата песна на Преслава “Режим неприлична”, а и воедно да ја погледнете телевизиската снимка од прославата на ТВ Планета по повод 12 годишното постоење.
https://www.youtube.com/watch?v=qvrwd3prG2k
Подготви: Александра Блажевска
