24 Ексклузивно

Ексклузивно: Саша Ковачевиќ следниот викенд во Македонија (Фото)

Момчето препознатливо по убедливо најслушаните, најубави и најдобри балади Саша Ковачевиќ викедот што следи ќе биде гостин во Македонија. Поточно, Ковачевиќ свој настап ќе има на 13-ти јуни во Прилеп на базенот “Сонце” и во Гевгелија следниот ден на 14-ти јуни во клубот “De Facto”.

“Браним”, “Пиши пропало”, “Случајно”, “Могли смо све”, “Како после нас”, “Још ти се надам”, “Лудак”… ќе бидат само дел од песните кои познатиот балкански баладист, ако може така да го наречеме, ќе ги изведе пред македонската публика, која рака на срце го обожува овој познат пејач.

karti_sasa kovacevicДоколку следниот викенд Ве носи патот во Прилеп или пак Гевгелија, или едноставно сакате да бидете дел од ова незаборавно дружење тогаш многу добро знаете што треба да направите. Вашиот омилен специјализиран македонски музички портал ќе биде дел од дружењето со Саша Ковачевиќ во Прилеп, па очекувајте извештај одтаму.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: