Музика24 дознава дека нашата најпозната дива Калиопи наскоро ќе тргне на голема концертна турнеја наречена “Мелем”. Во рамките на турнејата која што ќе започне од 23-ти октомври и ќе трае се до 20-ти ноември, Калиопи ќе одржи голем број на концерти низ балканот.
Првиот концерт, односно самата турнеја ќе започне од Тузла на 23-ти октомври, а веднаш потоа Калиопи ќе продолжи во Сараево на 24-ти, Зеница 25-ти октомври, по што следуваат останатите големи концерти во Хрватска, Србија односно Белград каде што нејзиниот концерт е закажан за 10-ти ноември и на крајот на самата турнеја ќе биде во Македонија односно Скопје. Ова ќе биде одлична можност сите нејзини обожаватели низ Балканот да ја слушнат и видат во живо и истовремено да уживаат во старо-новите хитови на нашата дива.
Подготви: Катерина Димиќ
